Процес за вдомување

Процес за вдомување

Кога ќе видите животно за кое сте заинтересирани, треба да пополните формулар за вдомување. Откако апликацијата ќе биде разгледана и ако сметаме дека животното за кое сте аплицирале е соодветно за вас, тогаш ќе ви пратиме дополнителни прашања кои ќе треба да ги одговорите.

Откако ќе ги одговорите прашањата, тогаш ќе ве контактираме преку телефонски повик за да разговараме со вас околу грижата на животното и да ви даваме совет околу хранење и ветеринарни прегледи.

Нашите животни се наоѓаат во Северна Македонија и можат да патуваат каде било во С. Македонија или околните земји како и во Европа и Велика Британија откако ќе се најде соодветниот дом.

● Прегледани од ветеринар
● Вакцинирани
● Микрочипирани
● Прочистени од глисти
● Прочистени од надворешни паразити
● Стерилизирани/кастрирани ако се повозрасни од 6 месеци

● Потпишување формулар за вдомување
● Чување во домашни услови
● Обезбедување редовна ветеринарна нега
● Почитување на додатните услови во формуларот за вдомување

После вдомување

Ние ќе останеме во контакт со вас и ќе ви помогнеме додека да се навикне животнотово вашиот дом со вашето семејство. Ние ќе бидеме тука за да ве водиме низ оваа фаза и да ви помогнеме да ги надминете сите препреки што може да се појават.

Ве молиме останете во контакт со нас. Според формуларот за вдомување ние очекуваме редовно да ни праќате слики од вдоменото животно и да не информирате за неговата состојба секој месец. Имаме право и да побараме слики од вас ако мислиме дека не сте не контактирале подолго време.

Ако некогаш ви треба помош со ветеринар, со привремено згрижување додека сте на одмор, со совет или не можете веќе да се грижите за животното тогаш ве молиме контактирајте не. Тука сме за вас и за животното во секое време.

За нас...

АМОС ШЕЛТЕР Е ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ.

Со седиште во Северна Македонија, само во 2020 година, најдовме домови за повеќе од сто осумдесет животни кои беа во наша грижат.

Наоѓањето на совршен човечки придружник за нашите животни е наш главен приоритет.
Со пет активни администратори со седиште во Велика Британија и пет активни администратори со седиште во Северна Македонија, Амос Шелтер успеа да создаде силна мрежа на искусни привремени згрижувачи, безбедни транспортери, професионален тим, и пред се, безбеден процес на посвојување кој обезбедува нашите животни да се вдомуваат во најсоодветните домови.

Amos.mk © 2024. All rights reserved.